Во СЦ „Борис Трајковски“ попладнево во 16 часот се игра натпреварот од 7.коло од Лигата на шампионите меѓу Металург и Шамбери. Македонскиот шампион со победа и со нови два бода ќе обезбеди пласман во следната фаза (ТОП 16).
Француската екипа во Скопје ќе допатува како единствена која нема освоено бод, но на последното гостување во Словенија одигра добар натпревар со екипата на Горење.
Покрај овој натпревар денеска се играат уште четири дуели.
Двојки и табели:
А група: Партизан – Чеховски Медведи 27:31, Хамбург – Адемар 32:26 и Монпеље – Фленсбург (утре).
Табела: Чеховски Медведи 11 бодови, Хамбург 11, Фленсбург 8, Монпеље 5, Адемар 4, Партизан 2.
Б група: Констанца – Савехоф 28:23, Цеље – Веспрем (денес) и Кил – Атлетико Мадрид (утре). Табела: Веспрем 12, Кил 8, Атлетико Мадрид 6, Савехоф 4, Цеље 4, Констанца 4.
Ц група: Металург – Шамбери, Санкт Петербург – Горење (денес) и Силкеборг – Киелце (недела).
Табела: Киелце 12, Горење 8, Металург 8, Силкеборг 6, Санкт Петербург 2, Шамбери 0.
Д група: Барселона – Кадетен Шафхаузен, ПИК Сегед – Загреб КО (денес) и Динамо Минск – Берлин (утре).
Табела: Барселона 12, Берлин 10, Динамо Минск 7, Загреб КО 3, ПИК Сегед 2, Кадетен Шафхаузен 2.