Металург го пречекува Мешков Брест во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на македонскиот првак Металург во недела го играат последниот натпревар од СЕХА лигата. На домашен терен ривал ќе им биде белоруската екипа Мешков Брест.

Подмладениот Металург се наоѓа на седмото место на табелата со теоретски шанси за пласман на завршниот турнир, но потребна им е победа во недела и пораз на Нексе на последниот дуел од СЕХА лигата.

– Во „движење“ создаваме екипа за која овие дуели се подготовка за тоа што не очекува во македонската лига. Нашиот ривал е состав со 10-11 искусни интернационалци. Тоа е моќен тим против кого одигравме добро на претходниот натпревар, но кога се решаваше дуелот пресуди искуството кое тие го имаат. За нас проблем ќе бидат и повредите на нашите играчи Филип Талески и Марко Нелоски и двајцата најверојатно нема да играат. Оние кои ќе бидат на теренот ќе се борат и се надевам дека публиката ќе дојде да не бодри и на овој дуел, изјави тренерот Лино Червар на денешната прес-конференција.

Дуелот на овие два тима одигран на 1.март во Белорусија им припадна на ракометарите на Мешков Брест со 25:23.

– Го знаеме квалитетот не Мешков Брест. Тие и се фаворити на дуелот. Наше е да дадеме максимум за добар резултат, истакна Никола Костески.

Натпреварот се игра в недела со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он