Металург го победи Вардар и обезбеди финале во купот

Од:

Ракометарите на Металург во неизвесен натпревар со драматичен крај со 21:20 го победија големиот ривал Вардар Про во првото полуфинале од „Фајнл фор“ турнирот во Купот на Македонија.

На дуелот одигран вечерва во СРЦ Кале во Скопје „металурзите“ одлично го одиграа првиот дел и на пауза заминаа со пет голови предност (11:6).

Домаќинот на турнирот во вторите 30 минути постепено ја анулираше големата предност на противничката екипа и со серија од 6-1 во последните 7-8 минута дури и изедначи на 17:17, но Металург при овој резултат направи серија од 3-0 која се покажа како одлучувачка за конечниот победник. Вардар го имаше последниот напад за изедначување, имаше и играч повеќе, но левото крило Добривое Марковиќ не искористи „зицер“ позиција и ја погоди само стативата од голот на Дарко Станиќ.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ренато Вугринец со 4 голови, а исто толку погодоци за Вардар постигнаа Немања Прибак и Вукашин Рајковиќ.

Дарко Станиќ запиша 11 одбрани кај тимот од Автокоманда, додека Страхиња Милиќ двојно помалку во домашниот состав.

За Металург ова ќе биде деветто финале и шанса за освојување на петтата титула.

Противник на Металург во утрешното финале од 17:45 часот ќе биде победникот од вечерашното второ полуфинале меѓу Зомимак од Струмица и Металург Јуниор.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска