Металург го освои третото место во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Металург го освоија третото место во годинашното издание на регионалната СЕХА лига, откако попладнево го победија Брест Мешков од Белорусија со 26:21.

Иако „металурзите“ во најголемиот дел од натпреварот настапија со комбиниран состав, сепак постигнаа победа со пет голови разлика. Ваква предност македонскиот шампион имаше по првите 30 минути кога на пауза се отиде со резултат 13:8. Најефикасни во македонската екипа беа Миладин Козлина со седум и Ренато Вугринец со пет голови, а одличен настап имаше голманот Никола Митрески кој забележа 16 одбрани.

Во тек е последниот натпревар на завршниот „Фајнл фор“ турнир од сезоната 2012/13 во СЕХА лигата кој се одржува во СЦ Борис Трајковски во Скопје, меѓу македонскиот претставник и бранител на трофејот Вардар Про и хрватскиот шампион Загреб Кроација Осигурање.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир