Македонскиот ракометен шампион Металург денеска ќе го добие името на противникот во осминафиналето од Лигата на шампионите на извлекувањето што ќе се одржи во Виена со почеток во 12 часот и 30 минути.
Металург се наоѓа во групата на второпласирани екипи, заедно со Кил (европски првак), Берлин и Фленсбург што значи дека ниту една од овие екипи не може да ги има за противник. Потенцијални ривали се: Атлетико Мадрид каде настапува Кирил Лазаров, потоа руската екипа Чеховски Медведи и Динамо Минск од Белорусија.
Одредувањето на двојките за осминафиналето е полудиригирано, што значи дека вкрстуваат екипи кои биле на второто место со екипи кои биле на тертото место и првопласираните против четвртопласираните од групите.
Две екипи кои играле во иста група неможе да играат во осминафиналето.
Металург поради подобриот пласман во групата реванш натпреварот ќе го игра на домашен терен.