„Металург“ ги промовираше новите засилувања пред мечот со „Чеховски“

Од:

Екипата на „Металург“ денеска на прес-конференција во СЦ „Борис Трајковски“ во пресрет на мечот од ракометната Лига на шампиони против „Чеховски Медведи“, ги претстави новите засилувањата – Словенците Александар Шпенде и Миха Пучник и Португалецот Гонзало Рибеиро Грача.

Се очекува тројцата ракометари да дебитираат за македонскиот вицешампион во мечот во недела од 17 часот. Средбата е во рамки на 6. коло, а „металурзите“ се во очекувања на првите бодови.

Тимот на Данило Брестовац има само една победа во СЕХА лигата, а во Лигата на шампионите се уште не забележале триумф. На денешната прес-конференција, Брестовац изрази благодарност на раководството на тимот за брзата реакција и привлекувањето на новите засилувања, по заминувањето на Филип Јагањац.

– На паузата се консолидиравме, сега сме комплетни и личиме на екипа. Имаме повеќе опции и во нападот и во одбраната, имаме ротација. Го загубивме Јагањац, но завршивме добра работа со новите засилувања. Благодарност на сите во клубот кои го дадоа максимумот за да се реализираат овие три трансфери во краток период. Се надевам дека новите играчи брзо ќе се вклопат и со своите индивидуални квалитети ќе донесат квалитет на тимот, вели Брестовац.

Што се однесува до дуелот со „Медведи“, тој побара поддршка од публиката за остварување на првата победа сезонава.

– Чеховски се квалитетен противник, екипа која е физички далеку подобра од нас. Се обидуваме преку анализи да ги најдеме нивните слаби страни. Се надевам дека публиката ќе ни даде поддршка. Ние создаваме еден нов Металург, ги направивме првите чекори кон враќање на оној стар Металург, додаде Брестовац.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска