ФОТО: Металург ги продолжи договорите со Мојсовски и со Миркуловски

Од:

Македонските репрезентативци и играчи на шампионот Металург Намуче Мојсовски и Филип Миркуловски и во следните четири години ќе го носат дресот на тимот од населбата Автокоманда. По тој повод денеска беше одржана и прес конфренција, на која и претседателот на клубот Ристо Чокрев ги потпиша договорите со играчите.

– Чест ми е што сум тука и што уште 4 години ќе го носам дресот на Металург. Задоволен сум од резултатот оваа сезона и треба да се обидеме ова да го надградиме. Ова значи дека во „Автокоманда“ останувам до 2017 година – истакна Наумче Мојсовски, кој поради повреда ги пропушти последните неколку натпревари, но очекува да се врати за дербито со Вардар Про и да биде подготвен за настапите на репрезентацијата во јуни.

Филип Миркуловски веќе 10 сезони го носи дресот на Металург.

GIL_0744_resize

– Оваа сезона стигнавме до 1/4  финалето од Лигата на шампионите. Со клубот потпишав на четири години што значи дека тука и би ја завршил и кариерата. Добро е што во клубот доаѓаат голем број млади, кои сега имаат многу подобри услови од колку кога почнувавме ние.

Металург најави дека во тек се преговори и со уште двајца играчи од сегашниот состав Дамир Батиновиќ и Тихомир Додер.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он