Ракометарите на Металург вечерва ќе играат против Нексе во дуел од регионалната СЕХА лига.
За македонскиот вицепрвак ова ќе биде петти меч во СЕХА лигата, во кој против хрватскиот тим атакува на втората победа сезонава. Ист скор една победа и три порази досега има и составот на Нексе кој е на осмото место на табелата.
Натпреварот металург – Нексе ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 30 минути, а ќе биде еден од трите кои ќе се играат денеска.
Првиот е во терминот од 17 часот кога ќе започне средбата Извиѓач – ППД Загреб, додека еден час подоцна (18) ќе стартува дуелот меѓу Татран Прешов и Мешков Брест.
Утре пак, во СЦ „Јане Сандански“ ракометарите на Вардар ќе играат против словенечката екипа Горење Велење. Почетокот на овој е од 17 часот и 45 минути.
Табела: Вардар 16 бодови, Веспрем 9, Целје 9, Мешков Брест 7, ППД Загреб 6, Металург 3, Горење Велење 3, Нексе 3, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.