Металург домаќин на Вардар во ракометното дерби

Од:

Во ракометниот шампионат на Македонија денеска на програмата се два натпревари од 8.коло во разигрувањето за титулата.

Дербито се игра во салата „Автокоманда“ каде екипата на Металург ќе биде домаќин на Вардар.
Вардарци по седум одиграни кола имаат три бода повеќе од Металург, па со евентуален триумф „црвено-црните“ на две кола до крајот ќе го обезбедат новиот шампионки трофеј.

На првиот дуел одигран во СЦ „Јане Сандански“ на почетокот на месецов, Вардар забележаа победа со 26:22.

Почетокот на натпреварот е од 18 часот, термин во кој Макс Струмица го пречекува Охрид на вториот денешен дуел од оваа рунда.

И последниот меч од ова коло меѓу Работнички и Прилеп ќе се игра во истиот термин, но утре.
Табела: Вардар 21 бод, Металург 18, Макс Струмица 12, Прилеп 9, Охрид 3 и Работнички 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ