Ракометните суперлигаши вечерва ќе одиграат два натпревари од 2. коло од плеј офот. Во салата „Автокоманда“ Металург ја пречекува екипата на Охрид, што претставува дуел на двете првопласирани екипи од првиот дел од првенството.
Сепак, Металург кој нема пораз е фаворит на овој дуел. Почетокот на дуелот е во 18 часот.
Во терминот од 20 часот во Струмица, Макс Струмица е домаќин на Прилеп.
Вчера се одигра првиот натпревар од плеј офот од Супер лигата каде Вардар го победи Работнички со 38:26. Првакот Вардар по два одиграни натпревара е лидер со максимални шест бодови.