Македонскиот вицепрвак Металург го пречекува францускиот тим Монпеље во натпревар од 6.коло на ракометната Лига на шампиони.
Ова ќе биде втор дуел на овие две екипи, откако во првиот одигран минатиот месец француската екипа забележа убедлива победа со 10 голови разлика – 28:18.
Почетокот на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ е закажан за 18 часот и 45 минути.
Покрај овој дуел денеска уште играат и:
Чеховски Медведи – Татран Прешов,
Рајн-Некар – ППД Загреб и
Кадетен Шафхаузен – Фленсбург.
Вчера во првиот натпревар од ова коло полската екипа Висла Плок забележа победа над германскиот тим Кил со 24:22.
Останатите натпревари од 6.коло на програмата се претстојниот викенд, а дербито на колото е в сабота (17:30 часот) кога во СЦ „Јане Сандански“ кај македонскиот шампион Вардар ќе гостува актуелниот европски првак Киелце.