Металург домаќин на Мешков Брест

Од:

Ракометарите на Металург попладнево ги очекува нов натпревар во регионалната СЕХА лига. Тимот од Автокоманда за противник во третиот меч на новата сезона во СЕХА ќе ја има силната екипа на Мешков Брест.

Тренерот на Металург, Лино Червар смета дека противникот ја има фаворитската улога, но и дека токму преку вакви натпревари неговиот подмладен тим има можност да се стекне со поголемо искуство.

– На моите момчиња им се потребни натпревари од ваков карактер, против силни тимови. Младите ракометари преку ова натпреварување учат како да одиграат на резултат и ќе се стекнат со искуство. Мешков е еден од најдобрите екипи во СЕХА. Ќе треба да ја употребиме главата во овој натпревар, изјави Червар.

Натпреварот Маталург – Мешков Брест кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе започне од 17 часот, а е еден од трите во СЕХА лигата кои се играат денеска.

Во истиот трмин ќе започне и средбата Извиѓач – Целје, додека од 19 часот ќе играат Нексе и Татран Прешов.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ