Меси го престигна Раул и се најде на четвртото место по бројот на настапи во ЛШ

Од:

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси изби на 4.место според одиграни натпревари во фудбалската Лига на шампиони. Аргентинецот вечерва се најде во почетниот состав на Каталонците за четвртфиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен. За капитенот на Каталонците, оваа е 143. Меч во елитната лига.

Во оваа статистичка категорија Меси го престигна Раул, кој имаше 142 натпревара (130 натпревари за Реал Мадрид и 12 за Шалке).

Меѓу сегашните играчи, Аргентинецот е втор, по ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој одигра 170 средби.

И во Барселона, Меси е втор, зад неговиот долгогодишен соиграч Чави кој забележа 151 натпревар.

Апсолутен лидер во Лигата на шампионите е Икер Касиљас со 177 натпревари (150 за Реал и 27 за Порто). Ова лето, тој се пензионираше.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски

Аталанта го забележа 10-от последователен триумф во Серија А

Србија против Албанија без навивачи