Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси сака напаѓачот на ПСЖ, Нејмар да се врати во тимот.
Извори во каталонскиот клуб тврдат дека доколку има избор меѓу Нејмар и Лаутаро Мартинез од Интер, Меси би го избрал Бразилецот.
Во исто време, самиот Мартинез би сакал да замине во Барселона и да игра со својот сонародник Меси.
Барса веќе долго време се интересира за 22-годишниот аргентински фудбалер на Интер, меѓутоа, како што претходно беше соопштено, веројатно нема да може да си го дозволи неговиот трансфер.