Мешков Брест победи во Загреб и обезбеди „фајнл – фор“ во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на шампионот на Белорусија Мешков Брест со победата постигната синоќа над Загреб на гости со 31:25, обезбедија пласман на „фајнл-фор“ турнирот во СЕХА лигата.

Мешков со овој триумф го мина Загреб на табелата и со тоа обезбеди полуфинале против шампионот во оваа лига унгарски Веспрем.

Во второто полуфинале ќе играат македонскиот првак Вардар и хравтскиот Загреб.

Завршниот турнир ќе се игра од 7 до 9.април, а кој ќе биде домаќин ќе биде објавено во понеделник на 20.март.

Конечна табела: Вардар 47 бодови, Веспрем 44, Мешков Брест 35, Загреб 34, Цеље 33, Горење 18, Нексе 18, Металург 17, Татран Прешов 13, Извиѓач 4.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска