Компанијата Мерцедес-Бенц на Саемот за автомобили во Париз има намера да претстави концепт со кој ќе најави доаѓање на продукциски модел за 2019 година. Се работи за кросовер кој ќе биде ривал на Теслиниот Модел Х.
Како што пишува магазинот Аутокар, концептот е се уште во фаза на развој, а негова задача ќе биде најава на продукциски модел кој ќе стигне во 2019 година. За кросоверот засега малку се знае, но ќе има нов дизајнерски јазик и уникатни можности на електричните возила. Меѓу другото, тоа значи и дека кросоверот ќе биде екстремно аеродинамичен.
Кросоверот ќе користи нова развиена платформа за електрични автомобили која подоцна ќе ја дели и со седанот, ривал на Теслиниот Модел S.
Мерцедес е одлучен да промовира електрични автомобили па поради тоа размислува за влез во Формула Е. Конечната одлука се уште не е донесена, но директорите на компанијата не кријат дека се многу заинтересирани за овие трки.