Мерцедес се придружи на заканата на Ферари за напуштање на Формула 1

Од:

Тимот на Мерцедес од Формула 1 навести дека е можно да замине од шампионатот и на тој начин се придружи на заканата од Ферари.

– Не наоѓаме никаква визија. Никој не знае каде оди ова патување. Единственото јасно е дека продажбата и профитот се намалија, изјави Тото Волф, претседателот на Мерцедес.

Запрашан дали неговиот тим би се приклучиле кон тивката закана на Ферари, Волф рече:

– Веројатноста е голема. Ако не гледаме за што се бори Формула 1, тогаш би си поставиле тешкото прашање – дали не сакаме да работиме на друго место на највисоко ниво?

Мерцедес и Ферари не се задоволни со плановите за поевтинување и стандардизирање на моторите од 2021 година.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес