„Мерцедес“ се надева дека ќе го замени „БМВ“ на листата на најпродавани луксузни автомобили

Од:

Како што во моментов стојат работите, „Мерцедес“ до крајот на годината може да го смени „БМВ“ од првото место на листата на најпродавани луксузни автомобилски марки во светот.

За првите седум месеци од 2016 година „Мерцедес“ ширум светот продал 1,17 милиона автомобили, што е за 12 отсто повеќе отколку во истиот период од 2015 година. За тоа време  „БМВ“ забележал малку помал раст од 5,6 отсто и испорачал 1,14 милиона возила.
Доколку ваквиот тренд на продажба на двата најголеми производители на луксузни модели продолжи до крајот на 2016 година, „Мерцедес“ за првпат по 2005 година ќе му ја преземе титулата на „БМВ“ на најбарана светска премиум марка.

На трета позиција по бројот на продадени автомобили е уште еден германски бренд -„ Ауди“, бидејќи во периодот јануари-јули испорачал 1,1 милион единици.

„Мерцедес“ во моментов е пред „БМВ“ и на еден од најважните пазари за двата производитела – во САД. Таму за првите седум месеци се продадени 191.300 „Мерцедеси“ и 179.213 возила на „БМВ“.

Благодарение на падот на испораката од 8,4 отсто во однос на претходната година, „БМВ“ во САД е дури трет производител, додека на второто место по продажбата е премиум брендот на „Тојота“- „Лексус“.

За глобалниот раст во продажбата на „Мерцедес“ и доминацијата врз „БМВ“ во голема мера се заслужни моделите „ГЛЦ“ и новата „Е“ класа, чиј директен ривал,„ БМВ Серија 5“, веќе е долго на пазарот, а неговата нова генерација се очекува во продажните салони дури во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ