Mercedes S65 AMG со 630 КС

Од:

Иако од претставувањето на „Мерцедес С63 АМГ“ изминаа само две недели, веќе пристигнуваат најави за лансирање на новиот и посилен модел „С65 АМГ“.


Како што пишува блогот „Мерцедес-Бенц Пашн“, купувачите на кои моделот „С63 АМГ“ со своите 585 KС им е преслаб, ќе можат од јануари 2014 година да го нарачуваат новиот „С65 АМГ“.


Овој модел наместо 5.5-литарскиот В8 мотор, со кој е опремен „С63“, треба да добие В12 мотор, најверојатно со 6.0-литарска зафатнина.


Истиот извор наведува дека дванаестцилиндричниот мотор ќе биде во состојба да произведе 630 кс и не помалку од 1.000 Нм максимален обртен момент.


Моторот, според ова сценарио, ќе биде поврзан со седумбрзински автоматски менувач „AMG SPEEDSHIFT MCT“, а автомобилот ќе биде во состојба од мирување до „стотка“ да забрза за четири секунди.


Како и кај другите модели од  најновите генерации на Ц класата на „Мерцедес“, и овој „С65 АМГ“ ќе има напреден „Road Surface Scan “ систем што користи специјална камера за скенирање на патот  пред возилото. Кога камерата ќе детектира неправилности, како што се нерамнини или дупки на патот пред автомобилот, „Magic Bods Control“ потпирањето  автоматски се подесува и прилагодува на дадената ситуација.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on