Mercedes на спектакуларен начин ја промовираше новата S-Class во Хамбург

Од:

На спектакуларен начин синоќа беше промовирана новата Mercedes S-Class. Со специјален лет на DHL, со Airbus A300-600 беше донесена новата S-Class во Хамбург директно од фабриката во Штутгарт.

Правиот патник кој стигна на промоцијата беше познатата американска пејачка Alicia Keys.

mercedes-s-class-action

„Без оглед на тоа дали станува збор за безбедност или дизајн, моќност или ефикасност, удобност или динамика, нашата цел беше постигнување – најдоброто или ништо во секој поглед. Ниту еден друг автомобил не го покажува ветувањето на својот бренд, како што тоа го покажува Mercedes S-Class“, изјави претседател на УО на Дајмлер и директор на Mercedes-Benz, патнички возила, д-р Дитер Цече.

mercedes-s-class-dashboard

Верзијата S 300 BlueTEC HYBRID троши 4,4 литри на 100 изминати километри, имајќи предвид дека возилото има вкупно 224 кс, заедно со електричниот мотор.

mercedes-s-class-front-corner

Новата S-Class e најаеродинамично возило во својата класа, но и меѓу сите останати автомобили воопшто со неверојатно низок коефициент на отпор на воздух, кој изнесува само Cd=0,23, што значи ниска потрошувачка на гориво и емисија на штетни материи, но и ниска бучава од струењето на воздухот.

mercedes-s-class-profile-action

Моделот ќе се произведува во 4 различни типови: како седанска долга и скратена верзија, потоа како купе, но и како кабрио.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on