„Мерцедес“ на саемот во Детроит го претставува новиот модел „С450 АМГ Спорт“

Од:

На авто-салонот во Детроит, што почнува денеска, германскиот производител ќе го изложи моделот „C450 AMГ Спорт“, што треба да ја пополни празнината меѓу најсилните стандардни верзии од „С“ класата и топ моделот „С 63 AMГ“.

„Мерцедес C 450 AMГ Спорт“ ќе биде достапен во седан и караван варијанта, а на пазарот ќе им се спротистави на „Ауди С4“ и на „БМВ 335“ и „M Спорт“.

Место 4.0-литарскиот В8-би турбо бензинец, што кај „Мерцедес С63 АМГ“ испорачува 476 кс, во послабата, и 510 кс, во посилната верзија, моделот „C450 АМГ Спорт“ за погон користи 3.0-литарски В6 би-турбо бензински мотор.

Благодарение на низата унапредувања, моторот произведува 367 кс (270kW) и 517 Nm максимален вртежен момент достапни меѓу 2.000 и 4.20 вртежи.

Силата на моторот се пренесува на сите четири тркала со помош на седумбрзински автоматски 7G-TRONIC менувач и 4MATIC систем.

Лимузината е во состојба са забрза до стотка за 4,9 секунди, додека караван варијантата е поспора за 0,1 секудна. Максималната брзина кај двата модели е лимитурана на 250 километри на час.

„Мерцедес C450 AМГ Спорт“ има унапредени сопирачки и систем за потпирање, како и серија електронски системи што му помагаат на возачот да го скроти автомобилот.

Во стандардната опрема спаѓаат и спортските стилски додатоци на надворешноста, редизајнираните браници, затемнетите куќишта на фаровите, четирикратната издувна цевка, задниот спојлер, 18 инчите алу фелни со нископрофилни гуми со димензија 225/45 напред и 245/40 одзади…

Внатрешноста, исто така, се разликува од стандардната „C“ класа -автомобилот е опремен со закосен, со кожа обложен спортски волан, метални педали на ножните команди, спортски седишта…

„Мерцедес C450 AМГ Спорт“ во продажните салони ќе стигне во следните неколку месеци, кога ќе се дознае и неговата цена.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ