„Мерцедес Мајбах“ од „С“ класа во Германија ќе чини од 134.000 евра

Од:

Компанијата „Мерцедес“ ги објави најновите фотографии и ценовникот на луксузниот модел „Мајбах“ од „С“ класа.

Најевтиниот модел во Германија ќе чини од 134.000 евра.

Првиот модел на „Мерцедес“ со ознаката „Мајбах“ е нова продолжена лимузина од „С“ класа, која својата премиера ја имаше во ноември.

Освен луксузната опрема, „Мерцедес Мајбах“ од регуларната „С“ класа е подолга за 200 милиметри, така што вкупната должина на овој автомобил сега изнесува 5.453 молиметри, а меѓусовинското растојание дури 3.365 милиметри.

Патниците во задниот дел добија дополнителен простор за нозете, па затоа овој модел може да се мери со мал број сериски произведени лимузини кои не се дополнително продолжени.

„Мерцедес Мајбах“ од „С“ класа е проектиран, пред се, како возило што ќе го вози возач, додека сопственикот удобно ќе е навален на задното седиште.

За да ужива во едно вакво луксузно возило, купувачот ќе мора да издвои најмалку 134.053 евра за моделот „С 500“, додека најевтиниот „С 600“ ќе чини 187.841 евра.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ