Најслабиот бензински „Мерцедес“ од „Ц“ класа ќе ја има ознаката „Ц 160“ и 1.6-литарски четирицилиндричен мотор со 129 кс.
„Мерцедес Ц“ класа на почетокот на април беше прогласен за „Светски автомобил за 2015 година“, а само неколку дена подоцна пристигна веста за новата верзија на овој модел.
Досега основната бензинска варијанта на најпродаваната лимузина на „Мерцедес“ беше моделот „Ц 180“ што беше придвижуван од 1.6-литарски четирицилиндричен мотор со 156 кс (115 кW).
Новиот најслаб бензинец има 27 „коња“ помалку, односно во состојба е да развие 129 кс (95 кW).
„Мерцедес Ц 160“ исклучиво ќе биде достапен со шестбрзински мануелен менувач. Почетната цена во Германија ќе изнесува 31.683 евра за лимузината, а 33.349 евра за караван верзијата.
Продажбата ќе почне во април, а првите примероци ќе бидат испорачани до купувачите во јуни 2015 година.