Мерцедес планира во сегментскиот простор меѓу „Смарт“ и актуелната „А класа“ да понуди нов модел, кој треба да биде развиен во соработка со алијансата Рено-Нисан што ќе ја носи ознаката Икс (Х), а на пазарот ќе се најде до 2018 година.
Магазинот „АутоБилд“ наведува дека „Мерцедес Икс“ платформата ќе ја дели со следната генерација на моделот „Рено Клио“ и ќе биде со погон на предните тркала.
Иако, на прв поглед изгледа дека овој потег ќе биде одбивен за љубителите на Мерцедес, новата класа јасно ќе се разликува од францускиот модел, како според единствениот дизјан, така и со квалитетниот ентериер и висока опрема.
Погонските агрегати се 1.0 литарскиот трицилиндерски и 1,5 литарскиот четирицилиндерски мотор. Врз основа на досегашната соработка меѓу Мерцедес и Рено во однос на погонските системи, се очекува овие мотори да ги обезбеди францускиот производител.
Мерцедес, секако дека не сака новата класа да има епитет на евтин автомобил, но цената се очекува да биде под 20.000 евра.
Новата Икс класа на пазарот ќе ги напаѓа Ауди А1, а освен хеџбек во план е и кросовер модел.
Независниот уметник Тхеопилус Чин објави илустрирана форма на можниот изглед на новата класа на Мерцедес.