Заклучно со ноември 2014 година компанијата „Мерцедес“ на купувачите ширум светот им испорача 1.487.000 автомобили, што е повеќе од вкупната продажба во 2013 година, соопштија од овој германски производител.
Со пласманот на 150.742 возила „Мерцедес“ во ноември забележа рекордна продажба за еден месец, регистрирајќи зголемување од 13 отсто на годишно ниво.
За ваквиот резултат најмногу придонесе двоцифрената стапка на раст на европските и кинеските пазари.
Продажбата во првите 11 месеци се зголеми за 12 отсто во споредба со истиот период во 2013 година.
Во Европа продажбата во ноември се зголеми за 14 отсто, на 61.060 возила, а во Кина за дури 23 отсто, на 26.184 автомобили.