Mercedes-Benz SL65 AMG кабриолет со 800КС

Од:

Mercedes-Benz тјуниран од компанијата Brabus, настапи на автомобилскиот саем во Женева со моделот 800 Roadster, базиран на Mercedes-Benz SL65 AMG.

Стандардната верзија која ја нуди автомобилскиот производител од Штудгарт ја погонува 6.0 литарски V12 битурбо агрегат со 630кс и 1,000 Nm максимален вртежен момент.

Brabus успеа да ги надмине овие бројки и да извлече 800кс и импресивни 1,420 Nm вртежен момент, ограничени на 1,100 Nm. Забрзува од 0-100 км/ч за 3.7 секунди, на патот кон нејзината електронски ограничена максимална брзина од 350км/ч, за разлика од стандардниот модел кој е ограничен на “само” 250 км/ч.

002-brabus-800

Тука се и 20-инчни алуминиумски фелни обвиени во пневматици со високи перформанси во профил 255/30 ZR20 напред и 305/25 ZR20 назад. Висината на возење може да се намали за 25mm благодарение на специјалниот модул за суспензијата. Во понудата спаѓаат и диференцијал со ограничено пролизгување и целосно нов ентериер со брзинометар гравиран до 360 км/ч.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on