Mercedes-Benz GLA Edition 1

Од:

Мерцедес на пазарот ќе понуди ограничена серија од новиот модел ГЛА под името Едишн 1, што ќе чини дополнителни 6.307 евра во однос на стандардниот модел.

Претходно Мерцедес претстави Едишн 1 серија од моделите А45 АМГ, ЦЛА45 АМГ и С Класа, а сега на ред е новиот компактен кросовер.

109681315

Мерцедес ГЛА Едишн 1 ќе биде достапен само во првите 12 месеци, почнувајќи од ноември 2013 година, а првите возила ќе бидат испорачани во март 2014 година.

Специјалната серија ќе има би-ксенон светла, ќе биде достапна во четири бои и ќе може да се бира меѓу пет видови на 19 инчни алуминиумски АМГ тркала.

Во однос на стандардниот модел, Едишн 1 серијата се разликува и по алуминимуските шини на покривот и двојните хромирани завршетоци на издувот.

Внатрешноста е обложена со кожа, а управувачот е зарамнет на долниот дел. Дополнителен естетски елемент во кабината даваат и деталите од алуминиум и педалите изработени од челик.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on