Еден од најфобрите високи играчи во историјата на НБА лигата, Карл Мелоун се враќа во екипата на Јута каде што ја мина речиси целата своја играчка кариера.
Тренерот на Јута, Тајрон Корбин, соопшти дека Мелоун ќе им помага на крилото Дерик Фејворс и турскиот центар Енес Катнер, како и на сите оние на кои ќе им биде потребна поддршка.
Мелоун го носеше дресот на Јута 18 сезони, 14 пати настапи на Ол-Стар мечевите и се наоѓа на второто место на вечната листа по бројот на постигнати поени во НБА лигата.
49-годишниот поранешен центар треба да и помогне на Јута да се пласира во плејофот, бидејќи со неговиот ангажман се очекува младите Фејворс и Кантер да ги подобрат своите статистики и бројки.
Фејворс во неговата трета сезона просечно постигнуваше по 9 поени со 7 скокови, додека Кантер во неговата втора сезона реализираше по 7 поени и 4 скокови. Двајцата имаат по 21 година и беа трети пикови на драфтот.