Мекларен ги реши проблемите, но не очекува чудо

Од:

Тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие изјави дека Мекларен ги отстранил сите проблеми со издржливоста што ги попречувале нивните резултати на зимските тестови. Тимот се надеваше на полесна транзиција по менувањето на Хонда со Рено, но како и во изминативе години, тие не беа поштедени од голем број дефекти. По осумте дена на патеката „Каталуња“, тие завршија последни по број на завршени кругови.

За време на втората сесија во Барселона, новиот МЦЛ33 доби пет различни дефекти, пред Алонсо да го постави третото најдобро време во последните минути. Булие е оптимист дека тимот успеал да се справи со сите проблеми кои беа откриени пред почетокот на сезоната во Мелбурн оваа недела.

– Ја немавме потребната издржливост, на која се надевавме за време на зимските тестови, но проблемите се решени. Се врши огромна работа зад сцената, за да сме сигурни дека нема непроверени детали. Целта ни е да извлечеме максимално темпо од новиот пакет во првата трка. Не очекуваме да се случат чуда за една ноќ – далеку сме од оваа мисла – но знаеме дека ќе дадеме се од себе во претстојниот викенд, изјави Булие.

Третото време на Алонсо на „Каталуња“ беше едвај половина секунда послабо од најдобрите времиња, забележани од Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Двократниот светски шампион верува дека новиот болид на Мекларен веќе покажал позитивни знаци и дека има уште многу да понуди.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ