Мекларен 675 ЛТ пристигнува во Женева

Од:

Мекларен повторно покажа дека е чекор пред конкуренцијата, најавувајќи го својот модел 675ЛТ, што ќе биде премиерно претставен на Саемот на автомобили во Женева.

675 ЛТ потсетува на Ф1 ГТР Лонг Таил од 1997 година. Моделот е придвижуван од подобрен 3,8 литарски твин-турбо В8 мотор со 675 коњски сили, што е за 25 коњски сили повеќе од 650С Купе.

132531733

Мекларен 675 ЛТ, е полесен за 100 килограми, и има тежина од само 1.230 килограми. Поради намалената тежина, новиот модел забрзува од 0 до 100 километри на час за 2,9 секунди, а од 0 до 200 километри на час за 7,9 секунди. Максималната брзина изнесува 330 километри на час.

Моделот Мекларен 675 ЛТ ќе биде достапен во Чикан сива, Делта црвена, Силика бела, Мекларен портокалова и Напиер зелена боја.

Во внатрешноста доминираат карбонски седишта со Алкантра кожа и 675 ЛТ лого на наслоните за глава. Клима уредот се контролира со помош на екран осетлив на допир, што е дел од инфотејнмент системот.

Мекларен 675 ЛТ ќе биде официјално претставен на 3 март на Саемот на автомобили во Женева.

Моделот е дел од патните членови на „Супер серијата“ подготвени за возење по тркачка патека. За погон е задолжен познатиот твин-турбо 3,8 литарски В8 со речиси 50 проценти нови компоненти, тврди компанијата.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ