Американката Алис МекКенис е победничка на денешниот спуст што се возеше на патеката во австриското гратче Сент Антоан. Дваесет и тригодишната скијачка со оваа победа го постигна својот најдобар резултат во оваа дисциплина. Претходно таа имаше едно седмо место минатата година.
На денешната трка по тринеделна пауза и неколку пропуштени натпревари поради здравствени проблеми, се појави и сонародничката на победничката, Американката Линдзи Вон која заврши на шестата позиција.
Пласман на првите пет натпреварувачки на денешниот спуст:
1.место МекКенис (САД) 1:14.62
2.место Даниела Меригети (Италија) 1:14.69
3.место Ана Фенингер (Австрија) 1:14.18
4.место Тина Мазе (Словенија) 1:14.92
5.место Лорен Рос (САД) 1:14:94.
Четвртото место за Мазе значи и зголемување на предноста на врвот на табелата во Светскиот куп за повеќе од 500 бода во однос на второпласираната Марија Риш која денеска не беше меѓу десетте најдобри.
Утре на истата патека ќе се вози супервелеслалом.