Мекиќ: Македонија пред своите навивачи секогаш е тежок противник

Од:

Репрезентативецот Аднан Мекиќ најави дека македонската кошаркарска селекција во воведниот натпревар од мундијалските квалификации против Шпанија ќе се обиде да ја искористи предноста од домашниот терен и да го изненади актуелниот светски првак.

– Пред сè, ќе ја бараме шансата во домашните натпревари, затоа што мислам дека ниту една репрезентација не е непобедлива. Сите знаеме која е Шпанија, светски првак и европски шампион во повеќе наврати. Но, претпоставувам дека и таа Шпанија ќе дојде со втор состав. Тие ќе имаат сигурно желба да се докажат, но сите знаеме дека Македонија кога игра дома, пред свои навивачи е тежок противник, изјави Мекиќ.

Шпанија гостува во Скопје на 26. ноември во СЦ „Јане Сандански“, додека три дена подоцна „црвено-жолтите“ гостуваат кај вториот ривал во групата, Украина.

– Верувам во овој состав, можеме да изненадиме, како што кажав претходно, шансата ја гледаме во домашните натпревари. Но, ќе одиме да се надигруваме со секоја репрезентација и на гости, посочи денеска Мекиќ во изјава за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација.

Би можело да ве интересира

Mакедонија ја прегази Норвешка и обезбеди место во квалификациите за ЕП

Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на националниот тим

Стојан Ѓуроски надвор од кошаркарските терени следните два месеца

А1он

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он