Мејведер го прифати предизвикот на Нурмагомедов

Од:

Американскиот боксер Флојд Мејведер изјави дека нема ништо против да застане во рингот со рускиот борач Хабиб Нурмагомедов, кој го предизвика пред неколку дена.

Нурмагомедов со победата над Конор Мекгрегор ја одбрани УФЦ шампионската титула во лесна категорија, а евентуалниот дуел со Мејведер би му донел голема заработка.

Рускиот борач му порача на Мејведер дека во „џунглата има место само за еден крал“, а по неколку дена американскиот боксер му одговори на преизвикот.

– Си-Би-Ес, Шоутајм и МГМ Гранд подгответе ги парите и видете како Нурмагомедов ме предизвикува, напиша Мејведер на социјалните мрежи.

Според експертите мала е веројатноста да се случи борба меѓу Мејведер и Нурмагомедов, но бидејќи во игра е голема сума на пари тие сепак наведуваат дека се е можно.

Би можело да ве интересира

Чудна сцена во борбата за појасот на УФЦ: Новиот шампион го бакнуваше својот ривал

Предраг Петровиќ

Убијците чекале две години за да му се одмаздат на српскиот репрезантивец и ММА борец

(ВИДЕО) Брутален нокаут: Волкановски ја загуби титулата

Путин ми уплати 150.000 долари, тврди американски ММА борец

Јутјубер претепа ММА борец и му понуди реванш од десет милиони долари

Горан Наумовски

Најбрзиот нокаут некогаш виден во ММА светот: Наместо поздрав, по две секунди доби удар во глава

Предраг Петровиќ