Возачот на Ферари, Кими Раиконен пропушти можност да со подиум да ја заврши трката во Бахреин и да ја комплетира радоста на неговиот тим по триумфот на Себатсијан Фетел.
Голема грешка во боксот при промена на гумите на Финецот го чинеше крај за него на втората трка од шампионатот во Формула 1, но и сериозна повреда за еден од механичарите на Ферари.
Ферари објави дека механичарот Франческо добил фрактура на ногата, а Раиконен рече дека не е виновен за инцидентот.
-Тргнав кога го видов зеленото светло, изјави возачот.
Победник на трката во Бахреин беше Фетел, а второто и третото место ги освоија возачите на Мерцедес, Ботас и Хамилтон.