Меѓународна конференција и саем за електрични возила

Од:

Во организација на Здружението за електрични возила „Електромобилност Македонија“ денеска на Машинскиот факултет во Скопје ќе се одржат првaта меѓународна конференција и саем „Електрични возила – нови трендови за мобилност“.

На конференцијата ќе учествуваат гости од Словенија и Бугарија, претставници од Министерството за економија и од МЕПСО, предавачи на Машинскиот факултет, иноватори.

Во фоајето на зградата за моторнио возила и Центарот за хомологација при Машинскиот факултет ќе бидат изложени неколку електромобили, како и уникатниот скутер на електричен погон, што е изработен прв пат  во Македонија.

Целта на Здружението „Електромобилност Македонија“ е да иницира интерес во Македонија за електричните возила преку промовирање на новите трендови во урбаниот транспорт со електрични возила, одржлив транспорт во Македонија и подигање на свесноста за новите технологии.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on