Медведев во Мексико ја прекина серијата од пет порази во финалињата

Од:

Тенисерот број еден во светот, Русинот Данил Медведев, ја прекина серијата порази во финалињата со победата од 7:5, 6:0 над Британецот Камерон Нори за титулата во Лос Кабос, Мексико. Русинот влезе во финалето на Лос Кабос против минатогодишниот шампион Нори, 12-ти во светот, по шестнеделна пауза, откако загуби пет финалиња по ред од минатогодишниот Мастерс во Париз во ноември.

Медведев пристигна во Мексико на својот прв турнир од јуни, и не загуби сет цела недела на патот до првата титула сезонава и 14-та во кариерата. Рускиот тенисер со пласманот во финалето се погрижи да остане на врвот на АТП-листата барем до крајот на УС Опен (29 август – 11 септември), каде ја брани титулата. Нори остана на две титули во кариерата.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Медведев: Зад протестите во Грузија видливо е американското влијание

Медведев: Макрон и другите лидери на западните земји се спонзори на терористичкиот напад

Медведев: Уништување на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили во Украина

Горан Наумовски

Медведев: Оние кои вандализираат гласачки кутии се предавници и треба да бидат казнети

Медведев предложи мировна формула за Украина: Безусловна капитулација

Горан Наумовски

Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето