Американската тенисерка Медисон Киз ќе игра во полуфиналето на Грен слемот во Њујорк по победата над Шпанката Суарез Наваро ноќеска во последното четвртфинале.
Во меч кој траеше 1 час и 24 минути Киз го доби првиот сет со 6:4, а вториот со 6:3.
Следна ривалка на Киз ќе биде Наоми Осака од Јапонија.
Во другото полуфинале ќе играат Серена Вилијамс (САД) и Анастасија Севастова од Летонија.