На терените на Ролан Гарос денеска се предвидени да се играат мечевите од третото коло во двете конкуренции. На централниот терен најголемо внимание се очекува да привлече дуелот на шампионката на овој турнир Марија Шарапова и финалистката од 2010 година Саманта Стосур. Од жените на „главниот терен“ меч ќе игра и Ана Ивановиќ.
Кај мажите први на теренот од третата рунда од фаворитите ќе треба да се појават Рожер Федерер и Жо-Вилфред Цонга, додека дуелот од 2. коло ќе мора да го доиграат Ришар Гаске и Карлос Берлог. Мечот е прекинат поради темница при резултат 2:2 во сетови.
Инаку, вчера пласман во третото коло од фаворитите изборија: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Енди Мареј, Серена Вилијамс, Викторија Азаренка и денеска ќе бидат слободни.