Мазе доби телохранители затоа што добила смртни закани

Од:

На најдобрата светската скијачка во алпски дисциплини, словенечката репрезентативка Тина Мазе, организаторот на трката во Гармиш Партенкирхен и додели лично обезбедување.

Причината за ваквиот потег ја објасни претседателот на Организацискиот комитет во Супервелеслалом во Гармиш, Петер Фишер.

-Срамота е што вакво нешто и се случува на една спортистка од светска категорија. Но тоа е реалноста и ние мораме да првземеме превентивни мерки, истакна Фишер.

Словенката по вчерашната победа на спустот во Гармиш стана првата скијачка во историјата која освоила повеќе од 2.000 бода во Светскиот куп.

-Ова што ми се случи е многу грдо, но по се изгледа дека и ваквите работи се дел од играта. Немам зборови да опишам како се чувствувам, изјави Мазе.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска