Три години по премиерата на актуелната генерација, „Мазда 3“ ќе биде подложена на првиот редизајн.
И онака складната форма на „Мазда 3“ не бараше поголема рестилизација, па козметичките промени на надворешноста се минимални и сега можат да се забележат само со внимателно споредување на двете верзии на „тројката“.
Маската на ладилникот сега е повеќе нагласена благодарение на пошироката хромирана рамка во висина на светлата, што дискретно е сменета и формата на предните светлосни групи. Освен тоа, рестилизиран е и браникот, како и куќиштето на светлата за магла.
Промените на задниот дел од возилото се уште понезабележителни и го опфаќаат редизајнот на браникот, чиј долен дел има нешто помала црна пластична облога отколку претходно.
Во внатрешноста се издвојува новиот дизајн на воланот, што како опција има и можност за греење, додека класичната полуга на механичката рачна запирачка е заменета со електронски контролирана паркинг запирачка. Во „Мазда“ велат дека е зголемен обемот на преградата за мали предмети во кабината.
Екранот на мултимедијалниот систем, исто така, е преобликуван, а рестилизирана е и инструмент таблата.
Безбедносните системи за асистенција се подобрени, па на купувачите сега на располагање им е унапредениот систем за воочување возила под мртов агол и технологија за читање сообраќајни знаци. Инженерите на „Мазда“ постигнаа напредок и на полето на звучна изолација и намалување на влијанието на бучавата и вибрациите во внатрешноста на возилото.
Голема новина е воведувањето на технологијата „G-Vectoring Control“, што автоматски ја координира работата на системот за довод на гориво, со управувачкиот и системот за потпирање, а се активира кога компјутерот детектира дека возачот истовремено додава гас и свртува.
„Маздата“ засега не соопшти дали иам некои промени на полето на моторизација, па се очекува во понудата да бидат истите погоднски агрегати како и порано.
Моделот за 2017 година во продажните салони ќе пристигне веќе во текот на есента, кога ќе се знаат и цените на редизајнираните „тројки“ а покрај хечбек прикажан на фотографијата, ќе биде рестилизиран и моделот со четири врати.