Матијас Погба ѝ се пријавил на полицијата во Париз како дел од истрагата за наводната уцена на својот брат, Пол Погба, тврдат француските медиуми, додавајќи нова епизода во сагата во семејството на ѕвездата на Јувентус.
Весникот „Ле Монд“ тврди дека Матијас Погба ѝ се предал на полицијата во средата откога бил обвинет дека е дел од бандата што го уценувала Пол Погба. Покрај него, во притвор се уште тројца луѓе поврзани со уцената по барање на Обвинителството во Париз.
Минатиот месец 29-годишниот Пол Погба кај француската полиција пријавил дека е цел на уцена тешка 13 милиони евра од банда во која членувал и неговиот постар брат, 32-годишниот Матијас. Ова дојде откако Матијас преку социјалните мрежи најави експлозивни информации за својот помлад брат.
Извор: Топспорт