Исто како и 2004. година кога Maserati го претстави MC12 кој беше базиран на Enzo Ferrari, така во 2015. ќе претстави нов автомобил базиран на LaFerrari.
Maserati нема да користи баш се што LaFerrari поседува, туку ќе ја отфрли хибридната технологија и ќе го користи или 6.3 литарскиот V12 агрегат од Ferrari F12 или 3.8 литарски квад-турбо базиран на твин турбо моторот од Quattroporte.
Се шпекулира дека карбонскиот Maserati, исто како MC12 ќе биде произведен во само 50 примероци, кои ќе се продаваат по цена од милион евра.