Мартинез го продолжи договорот со репрезентацијата на Белгија до 2022 година

Од:

Шпанскиот фудбалски стручњак, Роберто Мартинез ќе продолжи да ја тренира репрезентацијата на Белгија. Четириесетгодишниот Шпанец и раководството на Белгиска фудбалска асоцијација денес го продолжија договорот до 2022 година.

Претходно беше прецизирано дека договорот ќе важи до крајот на Светското првенство 2022 година во Катар.

Мартинез е тренер на репрезентацијата на Белгија од 2016 година. На СП 2018, тимот под негово водство стигна до бронзен медал.

Белгијците најавија проширување на соработката со Мартинез со видео на кое капитенот на тимот, Еден Азар игра ФИФА на плејстејшен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Канаѓаните ги собраа аплаузите, а Белгија ја однесе победата

Мартинез за Франција: Многу напреднаа за три години, имаат по тројца супер играчи за секоја позиција во тимот

Ана Ололовска

Белгија: Прекин на сите аматерски фудбалски натпреварувања поради пандемијата

Жарко Настоски

Азар е најдобриот фудбалер во историјата на белгиската репрезентација во изборот на навивачите

Куртоа ја напушти репрезентацијата на Белгија

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Утка“ на годината во Белгија – „ѕвездата“ се вика Астер Вранкс

Жарко Настоски