Мартин Манасков нов член на Вардар јуниор

Од:

Младинскиот репрезентативец Мартин Манасков следните две сезони ќе биде дел од тимот на Вардар јуниор, откако потпиша договор со „црвено-црните”.

Манасков е веќе на подготовките со својот нов клуб, кој е предводен од македонската ракометна легенда, Пепи Манасков.

Вардар јуниор е вториот тим на Вардар, и сезонава првпат ќе игра во најсилната Супер лига во домашното првенство.

Со доаѓањето на Мартин во Вардар јуниор, целото ракометно семејство Манасков е во „црвено-црниот” дрес, бидејќи и постариот брат, Дејан сезонава дојде во Вардар во првиот тим.

Во Вардар јуниор се собрани дел од најперспективните ракометари, засилени со неколку поискусни играчи, чија цел ќе биде сезонава да се вмешаат во борбата за место во плеј офот, односно регуларниот дел од сезоната да го завршат на едно од првите четири места.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он