Марсијал откри какви се неговите односи со Мурињо

Од:

Францускиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал потврди дека неговиот однос со менаџерот Жозе Мурињо е на ниво тренер-играч. Крилото на „црвените ѓаволи“ потврди дека ова е соодветно и нормално, и во исто време нема проблем меѓу нив.

Марсијал беше поврзан со напуштање на „Олд Трафорд“ во текот на летото, а неговиот однос со Мурињо стана напнат откако му се роди второто дете. Ова се случи за време на подготовката на тимот во САД, и Мурињо беше нервозен поради фактот што Марсијал не се врати воопшто во тренинг-кампот.

– Нема проблеми во мојот однос со менаџерот. Тие се на ниво на играч-тренер и се надевам дека ќе продолжат така, рече Марсијал.

Дваесет и две годишниот фудбалер се очекува во следниве месеци да го продолжи договорот со тимот од Манчестер.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он