Австриската скијачка Марлез Шилд соопшти дека ја завршува својата кариера и дека сега има други животни цели.
– Дојде време за ново поглавје во мојот живот. Мојата најголема желба е да создадам семејство, пишува 33-годишната Шилд во соопштението упатено до швајцарските медиуми.
Шилд се повлекува од скијањето неполна година откако постави нов светски рекорд по бројот на победи во женските слалом трки во рамките од Светскиот куп.
Австријката во својата богата кариера освои, четири кристални глобуси во слалом, а 2011 година ја освои и титулата во истата дисциплина на Светското првенство. Во својата колекција на трофеи, Шилд може да се пофали и со 3 сребра, 2 бронзи од светските шампионати.
Повредите беа голем проблем за Шилд, па така поради скршеница на ногата таа ја пропушти целата натпреварувачка сезона 2008-2009, а подоцна паузираше четири месеци и поради повреда на коленото.