Претседателот на „Ферари“ Серџо Маркионе изјави дека Себастијан Фетел направи многу повеќе во италијанскиот тим за една сезона, одошто Фернандо Алонсо за пет години.
– Алонсо беше тука пред пет години и беше помал од „Ферарист“ од Фетел по една година кога ќе се погледне идентификација со тимот и посветеноста. Имавме годишен состанок со сите техничари, механичари, спонзори. Присутни беа 1.200 луѓе и Себастијан одржа говор во целост на италијански јазик. Се разбира, тоа го научи на памет, но тоа беше совршено и неверојатно. Феноменално го подготвил своето излагање. Тој го стори тоа искрено, бидејќи овој човек е со брилијантно срце и многу приврзан. Личи на човек кој секогаш бил во Ферари, изјави Маркионе.
Фетел е единствениот возач во шампионатот од Формула 1 кој успеа да се запише во листата на победници покрај тандемот на Мерцедес, Луис Хамилтон – Нико Розберг. Тој оствари три победи и уште 10 пати се качуваше на победничкиот подиум.