Мареј по пет сета во второто коло, а Надал убедлив на стартот од Ролан Гарос

Од:

Вториот носител на Ролан Гарос Енди Мареј по пет сета игра успеа да се пласира во второто коло откако со 3:2 во сетови го победи Радек Степанек. Мареј во мечот кој почна вчера беше во негатива од два сета и губеше со 2:0, но сепак денеска во продолжението успеа да се врати и во решавачкиот сет беше 7:5 за Британецот. Мечот вчера беше прекинат поради темница.

За разлика од Мареј, четвртиот носител Рафаел Надал беше убедлив на стартот и во 1.коло на Сем Грот му препушти само три гема (во сите три сета по еден). Пласман во следната рунда обезбедија од фаворитите Томаш Бердих и Џон Изнер.

За разлика од мажите кај жените се случи и големо изненадување. Настапот во првото коло го заврши шампионакта од Австралија Опен Анжелик Кербер, која загуби од Кики Бертенс со 2:1 во сетови (6:2; 3:6 и 6:3). Турнирот заврши и за трикратната полуфиналистка на Ролан Гарос Јелена Јанковиќ, која е поразена со 2:1 во сетови од Татјана Марија.
Во тек се уште мечеви од првото коло во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ