Вториот носител на АТП турнирот во Индијан Велс, Британецот Енди Мареј ги заврши своите настапи уште во 1/16 финалето, бидејќи синоќа загуби од аргентинскиот тенисер Федерико Делбонис.
Аргентинецот успеа да се врати по водството на Мареј во третиот сет од 1:4 и на крајот да триумфира со 2-1, по сетови 6:4, 4:6 и 7:6.
Во осминафиналето Делбонис ќе игра против Гаел Монфилс, кој убедливо во два сета, славеше над Алберт Рамос.
Учество во следната рунда на престижниот тениски турнир во САД обезбедија и: Милош Раониќ, Давид Гофин, Ришар Гаске, Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Стан Вавринка.