Марадона поради судиите го напушта Дорадос

Од:

Легендарниот аргентински фудбалски тренер Диего Армандо Марадона го објави своето заминување од клубот Дорадос по завршување на сезоната.

Денес, неговиот клуб одигра нерешено со Венадос во претпоследното коло од регуларниот дел на втората дивизија во Мексико. Тимот треба да одигра уште еден натпревар во основниот дел, а потоа ќе игра во плејофот.

– По завршувањето на сезоната ќе го напуштам Дорадос, одлучи Марадона. – Жал ми е, но ова е моја одлука.

Тој додаде дека поради неговото присуство како главен тренер, судиите имаат предрасуди кога му судат на Дорадос.

– Дали знаете зошто судиите не ни свират чисти ситуации за нас? Само затоа што тимот е предводен од Марадона, рече огорчено контроверзниот тренер.

Марадона го презема Дорадос во септември 2018 година.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра